петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ ISW: Одлуките ги носи Иранската револуционерна гарда, а не функционерите кои преговараат...

ISW: Одлуките ги носи Иранската револуционерна гарда, а не функционерите кои преговараат со САД

84
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Американскиот институт за проучување на војната (ISW) проценува дека Иранската револуционерна гарда ја презела контролата врз донесувањето одлуки од владини претставници вклучени во преговорите со САД.

Непрофитната и непартиска тинк-тенк организација вели дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи е особено под лупа.

Тој вчера објави дека Ормуз е целосно отворен за комерцијален сообраќај, а Револуционерната гарда остро реагираше на неговата изјава и постави услови за бродовите што минуваат низ теснецот, што значи дека Иран ја задржува контролата врз морскиот сообраќај низ теснецот.

Централната команда на иранските вооружени сили, која во пракса е контролирана од Револуционерната гарда, објави дека иранските сили повторно воспоставиле строго управување и контрола врз теснецот, наведувајќи ја како причина американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Одлуката на Гардата да се меша во меѓународниот поморски сообраќај и да дејствува спротивно на изјавата на Арагчи ги одразува пошироките поделби во рамките на иранскиот режим, според ISW.

ИЗДВОЕНИ