понеделник, август 17, 2026
Дома СВЕТ Истече рокот од 60 дена, а САД и Иран се далеку од...

Истече рокот од 60 дена, а САД и Иран се далеку од договор за мир

3

Рокот од 60 дена утврден со меморандумот за разбирање потпишан од САД и Иран во јуни истече на полноќ во понеделникот, без конечен договор за прекин на војната.

Додека Вашингтон беше фокусиран на повторно отворање на Хормускиот Проток и на постигнување напредок во преговорите, тврдокорното раководство на Иран следеше сосема поинаква стратегија, според ирански и арапски претставници цитирани од „Волстрит џурнал“. Официјалните лица велат дека тврдокорните во Техеран го гледале договорот не како вистински пат кон мирот, туку како обид на САД и Израел да го намалат притисокот врз глобалната економија и да купат време пред голем напад. Наместо да се потпираат на дипломатијата, тие ги поминаа последните два месеци подготвувајќи се за она што веруваат дека би можело да биде многу поширока војна.

– Во Иран постои широко распространето мислење дека главната војна сè уште не е почната – изјави за „Џурнал“ Мохамед Хасан Сангтараш, аналитичар за одбрана со седиште во Техеран, близок до иранската Влада.

 

ИЗДВОЕНИ