четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Исплатени над 40 милиони денари субвенции за земјоделците

Исплатени над 40 милиони денари субвенции за земјоделците

150

Извршени се директни плаќања во износ од 32.732.971,00 денари за производен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски, градинарски култури, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Корисници на оваа подмерка, како што појаснуваат од Министерството, се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден семенски материјал во 2023 година или користен за сопствени потреби согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе.

– Исплатени се 7.781.950 денари за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури исто така се исплатени. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија – се наведува во соопштението.

ОД Министерството посочуваат дека апликациите за субвенции се обработуваат со забрзана динамика се со цел земјоделците и сточарите да имаат доволно средства во ек на сезоната и пред почетокот на сеидбата.

ИЗДВОЕНИ