вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Иранците го појаснија договорот со САД: Враќање на замрзнатите средства и укинување...

Иранците го појаснија договорот со САД: Враќање на замрзнатите средства и укинување на санкциите, за нуклеарно оружје подоцна!

58

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, посочи дека Иран добил ветувања од Соединетите Американски Држави дека на крајот ќе добие пристап до замрзнатите средства и ќе обезбеди укинување на санкциите, но дека временската рамка е нејасна.

Во своето прво појавување во медиумите откако беше објавен прелиминарниот договор, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, понуди увид во перспективата на Иран за она што е договорено.

„Заедно со нуклеарните прашања, ова се теми што ќе се дискутираат веднаш по потпишувањето на договорот“, рече Багаи.

Осврнувајќи се на Ормускиот теснец, Багеи рече дека Иран нема да бара да наплаќа такси за премин на бродовите што минуваат низ водниот пат, но посочи дека Иран сè уште може да наплаќа такси во замена за обезбедените услуги.

ИЗДВОЕНИ