
Во градот Омдије во Иран во последниве 24 часа е измерена највисоката температура од 49,8 Целзиусови степени, објавено е на веб-страницата „Огимет“, која собира податоци од Интернет за времето од целиот свет.
Истовремено, најстуден дел од светот е Антарктикот, каде што во поларната станица Амундсен-Скот се измерени минус 69,8 степени. Во Индија, пак, во градот Череповец, наврна најмногу дожд – 428,6 мм, а ветерот беше најсилен на Антарктикот, каде што достигна брзина од 145,7 км/ч.
Во Европа, Шпанија и Франција се земјите каде што се измерени највисоките температури, а најжешко место е Андухар во Шпанија со 42,7 степени. Јитланд во Норвешка со минус 2,9 степени е најстудената точка во Европа, а Норвешка е и најстудената земја на европскиот континент.
Највисоката просечна температура во последните 24 часа е измерена во Пјаченца во Италија, 35,9 степени, на второто и на третото место се Мостар во Босна и Херцеговина и Дон Бенито во Шпанија со 35,6 степени, потоа Сењ во Хрватска со 33,4 степени, а на петтото место е Дакс во Франција со 33,4 степени.
Најмногу дожд во последните 24 часа наврнало во Ембрун на Француските Алпи – 71 мм. Најсилни ветрови дувале во Норвешка (83 км/ч) и во Шведска (65,6 км/ч), според податоците објавени од „Огимет“.











