четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иран: Ормуз не е затворен, туку „ограничен за непријатели“

Иран: Ормуз не е затворен, туку „ограничен за непријатели“

42

Иранската новинска агенција Фарс објави дека 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа, со одобрение од Иран. Агенцијата, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, соопшти дека сообраќајот е сè уште за околу 90 проценти помал отколку пред војната.

Иранските власти тврдат дека Ормускиот теснец не е целосно затворен, туку е ограничен на „непријателски земји“, објавува Индекс.

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, постојано повторува дека сообраќајот се одвива селективно, а Иран претходно објави дека Ирак има исклучок и може да го користи овој клучен поморски пат.

Иранските власти, исто така, размислуваат за воведување такси за премин низ теснецот. Советник во кабинетот на претседателот изјави дека Ормускиот теснец би можел целосно да се отвори кога дел од приходите од транзит ќе почнат да се користат за компензација на штетите предизвикани од војната.

ИЗДВОЕНИ