четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Убиен шефот на разузнавањето на иранската Револуционерна гарда

Убиен шефот на разузнавањето на иранската Револуционерна гарда

57
Фото: screenshot Iran International

Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.

Да потсетиме дека како одговор на израелско-американските напади, Техеран ги таргетираше претежно енергетските објекти на Блискиот Исток поврзани со САД и Израел, за што зборуваше портпаролот на иранскиот Генералштаб.

Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.

Ројтерс наведе дека иранските државни медиуми објавија дека Хадеми е мртов, но притоа не објавија детали.

ИЗДВОЕНИ