Воздушниот простор на Иран делумно е повторно отворен од денеска, а меѓународните летови повторно се дозволени над источниот дел од земјата, објави Унијата на ирански авиокомпании.
Според веб-страницата за следење на летови „FlightRadar24“, непосредно пред 7 часот наутро по локално време, ниту еден авион сè уште не прелетал над Иран, кој го затвори својот воздушен простор на 28 февруари на почетокот на израелско-американската офанзива на негова територија.
Некои од аеродромите што се отворија се меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ и меѓународниот аеродром „Мехрабад“ во Техеран, како и аеродромите во Машхад, Бирџанд, Горган и Захедан.
Авиокомпаниите се подготвуваат да ги рестартираат домашните и меѓународните летови, објавува иранската новинска агенција Тасним.
По неколку недели тензии и сериозни прекини во глобалниот поморски сообраќај, Иран вчера објави дека преминот низ Ормускиот теснец е повторно целосно отворен за комерцијални бродови – но само за време на тековниот прекин на огнот поврзано со конфликтите во регионот, вклучително и Либан.












