вторник, јуни 30, 2026
Дома СВЕТ Иран му порача на Макрон: Не додавајте масло на огнот со вашите...

Иран му порача на Макрон: Не додавајте масло на огнот со вашите провокации

0
EPA/ALI HAIDER

Според Меморандумот за разбирање од Исламабад меѓу Техеран и Вашингтон, мините во Ормутскиот теснец ќе ги отстранува исклучиво Иран, објави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, на X во понеделник, како одговор на францускиот претседател Емануел Макрон.

Ситуацијата е чувствителна и комплексна, силно ѝ препорачуваме на Франција да не ја комплицира дополнително со своите провокации, додаде Гарибабади, објави Ројтерс.

Емануел Макрон во понеделник изјави дека Франција и Оман работат на намалување на тензиите на Блискиот Исток и дека ќе соработуваат со своите партнери за отстранување на мините од Ормутскиот теснец.

Францускиот претседател Емануел Макрон и султанот Хаитам бин Тарек од Оман повикаа на „слободна пловидба, без услови или ограничувања“ во Ормускиот теснец и се согласија да спроведат „заеднички операции за расчистување на мини“, според заедничкото соопштение издадено по нивните разговори во Париз, објави АФП.

„Двајцата шефови на држави ја нагласија важноста од повторното отворање на Ормускиот теснец и ја потврдија својата посветеност на слободата на пловидба, без услови или ограничувања, вклучително и правото на транзитен премин во согласност со поморското право“, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ