Иран има намера да го отфрли американскиот предлог за ставање крај на нуклеарниот спор, тврди дипломат

49

Иран има намера да го отфрли американскиот предлог за ставање крај на деценискиот нуклеарен спор, изјави денес неименуван ирански дипломат, додавајќи дека предлогот не ги зема предвид интересите на Техеран и ја задржува непроменета позицијата на Вашингтон за збогатување на ураниум.

„Иран подготвува негативен одговор на американскиот предлог, што може да се протолкува како негово отфрлање“, изјави за Ројтерс неименуван висок дипломатски функционер близок до иранскиот преговарачки тим.

Новиот американски предлог за нуклеарен договор со Иран беше презентиран во саботата од страна на министерот за надворешни работи на Оман, Саид Бадр Албусаиди, кој беше во кратка посета на Техеран и посредуваше во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ