
„Интерпол“ ја отфрли жалбата испратена преку НЦБ Интерпол Сараево, на барање на вонустативниот суд на БиХ за преиспитување на одлуката за неиздавање црвена потерница за раководството на Република Српска, дознава порталот „Проверено“, пренесува РТРС.
Барањето е одбиено со истото образложение како и првиот пат – ова е политички мотивирана постапка и Интерпол, во согласност со член 3 од Статутот, не може да издаде потерница.
На 2 април, „Интерпол“ одби да издаде црвена потерница по претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ.
Потоа, на 16 април, вонустативниот суд на БиХ побара преиспитување на таа одлука преку НЦБ Сараево, но и тоа барање беше одбиено.