вторник, октомври 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Ел Нињо“ би можел скапо да го чини светот: Загубите во стотици...

„Ел Нињо“ би можел скапо да го чини светот: Загубите во стотици милијарди евра, и Европа не е имуна!

0

Многу силен климатски феномен „Ел Нињо“ би можел до 2027 година да го намали економското производство во 144 земји за околу 395 милијарди евра, додека дополнителните штети од суши, поплави, пожари и урагани би можеле да бидат уште поголеми, покажува новиот извештај на осигурителната компанија „Алијанц“.

Најголемиот дел од загубите би ги претрпеле Кина, Соединетите Американски Држави и Индија, на кои заедно им отпаѓа речиси 60 проценти од вкупниот проценет удар.

Ниту Европската Унија не би била поштедена, со потенцијална загуба во економското производство од околу 21 милијарда евра, односно 0,09 проценти од БДП.

„Алијанц“ проценува дека „Ел Нињо“ би можел да ја зголеми вкупната инфлација во ЕУ за 0,31 процентен поен, додека цените на храната би можеле да бидат повисоки за околу 0,5 процентни поени. Извештајот укажува на тоа дека климатските ризици веќе станале видливи во макроекономските податоци.

Екстремните временски услови во текот на 2025 година предизвикаа глобални економски загуби од околу 184 милијарди евра, што е за 32 проценти помалку отколку во 2024 година, но сепак 20 проценти над просекот од периодот од 2000 до 2019 година.

Изгубеното производство во Европа во текот на 2026 година, како последица на топлотните бранови, се проценува на 113 милијарди евра.

„Алијанц“ оценува дека искуствата од 2025 и 2026 година покажуваат дека земјите со развиени системи за превенција, однапред обезбедено финансирање и јасни механизми за реагирање подобро ги ограничувале економските нарушувања.

Поради тоа, според наодите од извештајот, инвестирањето во прилагодување кон климатските промени, отпорна инфраструктура и системи за рано предупредување би можело да биде поевтино од последователното плаќање на штетите, наведува „Алијанц“ на својата веб-страница.

ИЗДВОЕНИ