Социјалната мрежа и компанија Инстаграм, во сопственост на Мета Корпорејшн, претстави ново лого со текст, односно начин на кој е напишано името на платформата, што е прва промена на овој дел од визуелниот идентитет во последните десет години.
Извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, објасни дека старото лого со текст изгледа застарено по десет години и дека е време за освежување, објавува Варајати.
Според него, новиот дизајн треба да биде „почист и помодерен“, а воедно да ги задржи елементите од оригиналниот изглед и едноставноста карактеристични за Инстаграм.
Новото лого на Инстаграм користи фонт што личи на ракопис, со изразени кривини на буквите „s“, „r“ и „g“.
Додека некои корисници го сметаат дизајнот за свеж и модерен, други го критикуваат затоа што името на Инстаграм, според нив, е потешко за читање отколку порано.
View this post on Instagram
Сепак, некои корисници го критикуваа Инстаграм од друга причина, наведувајќи дека компанијата треба да реши поважни проблеми на платформата, како што се ботовите, содржината генерирана од вештачка интелигенција и проблемите со враќањето на деактивираните сметки.
Препознатливата шарена икона на камерата, главното визуелно лого на Инстаграм, не се менува, па иконата на апликацијата ќе остане иста.
Инстаграм последен пат направи голема промена во својот визуелен идентитет во 2016 година, кога се откажа од препознатливата кафеава камера со ремен во боите на виножитото и ја воведе денешната шарена икона, пренесува Танјуг.












