Казни во вредност од 8 350 евра изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.
Надзорите, како што информира АХВ, биле спроведени на 30 април годинава на целата територија на државата.ри со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.
Како небезбедни уништени се 323 килограми храна.
„Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените. Неправилности во поглед на означувањето на призводите утврдени се кај три месраници, а исто толкав број утврдено е дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство“, се наведува во соопштението.