четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во швајцарски скијачки центар: Едно лице загина при уривање на кабина...

Инцидент во швајцарски скијачки центар: Едно лице загина при уривање на кабина од жичница

43
Фото:принтскрин, видео „Икс“
Едно лице лице загина денеска откако падна кабина од жичница поради силни ветрови на снежна падина на во скијачки центар во Швајцарија.

Портпаролот на полицијата изјави за новинарите дека едно лице смртно настрадало, но точната причина за смртта уште не е потврдена.

Загинатото лице, чиј идентитет не е објавен, било само во гондолата, изјави полицијата.

Испратен е хеликоптер на местото на инцидентот во скијачкиот центар Енгелберг во средна Швајцарија, изјавија од службата за спасување од воздух Рега.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, пренесе полицијата на кантонот Нидвалден.

Падот на гондолатаод жичницита се случил околу 11 часот, а операцијата за спасување била отежната од ветрови со брзина до 84 километри на час, објавија швајцарските медиуми, пренесува „Хина“.

ИЗДВОЕНИ