Четири мажи беа избодени во лондонски Ковент Гарден во среда, а една жена беше уапсена, соопшти полицијата.
Лондонската служба за брза помош соопшти дека денес во 12:29 часот добила повик за прободување на улицата „Ендел“.
„На местото на настанот испративме екипа на брза помош, болничар од возило за брза реакција и службеник за управување со инциденти“, изјави портпарол на службата, додавајќи:
„Исто така, ја повикавме и Лондонската воздушна брза помош. На местото на настанот им пруживме помош на четири пациенти и сите беа однесени по пат во центар за интензивна нега како приоритет.“
Четворица мажи – на возраст од 34, 39, 42 и 52 години – беа пронајдени со убодни рани и им беше укажана медицинска помош на местото на настанот. Жена (47) беше уапсена под сомнение за поседување оружје и напад.
Полицијата изјави дека верува оти инцидентот е поврзан со менталната болест на напаѓачот, пренесе „Хина“.












