Во Галеријата при Младинскиот културен центар во Скопје, на 10 ноември со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на слики „Сина материја“ од ликовниот уметник Стефан Младеновски.
Со оваа изложба, Младеновски првпат ќе претстави пред публиката нов циклус дела, обединувајќи ги во една целина своите актуелни ликовни истражувања и творечки интереси. „Сина материја“ претставува ново поглавје во неговото уметничко делување и можност за непосредна средба со делата што го сочинуваат неговиот најнов изложбен проект.
Изложбата е покана за откривање на еден нов визуелен свет, во кој секое дело отвора простор за лично доживување, толкување и дијалог со гледачот.
Во официјалната рецензија за изложбата, книжевникот Александар Дунѓерин го анализира ликовниот пристап на Младеновски, посочувајќи ги неговата истражувачка природа, односот меѓу сликарската слобода и композициската дисциплина, како и значењето на сината боја во современиот визуелен и општествен контекст.
Поставката ќе биде отворена за посетителите до 17 ноември 2026 година.
Инаку, Стефан Младеновски (Крива Паланка, 1996) е ликовен уметник, дипломиран графичар и магистер по графика.
Изложбата ќе биде поставена до 17 ноември 2026 година.












