Во ликовниот салон во Велес, вечерва (10 ноември), во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Дијалог со светото“ на авторите Александра Гиовска – кустос и Јасминка Намичева – кустос советник.

Што се случува кога духовното наследство од XIX век ќе се сретне со современиот уметнички израз? Кога традиционалната икона ќе стане инспирација за нови ликовни и духовни истражувања?

Изложбата „Дијалог со светото“, на едно место ги обединува иконите на велешкиот зограф Крсте Зограф и делата на некои од најзначајните македонски современи ликовни автори.

Преку делата на Димитар Кондовски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Никола Пијанманов, Горјан Ѓорѓиев, Трајче Чатмов, Ангел Коруновски и современи авторски истражувања, се отвора возбудлива средба меѓу канонот и слободата, традицијата и современоста, сакралното и личното духовно доживување.

Ова не е само изложба на уметнички дела. Ова е разговор меѓу епохите, сведоштво за живоста на традицијата и вечната човечка потрага по духовното.

ИЗДВОЕНИ