четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА Илјадници љубители на спортот и на природата трчаа и возеа до врвот...

Илјадници љубители на спортот и на природата трчаа и возеа до врвот на Водно

758

Илјадници љубители на спортот и природата денеска трчаа и возеа до врвот на Водно. Тие беа дел од 14. издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата  „Прв до врв“.

Учесниците се натпреваруваа во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, е-бајк на 9 километри и тим-билдинг трка за компании „Самит ран“ на 4,5 километри.

Трките започнаа во 9:45 часот од Музејот на град Скопје, со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека трчањето и тим-билдинг трката ќе стартуваа во 10:00 часот пред училиштето.

Целта на настанот е учесниците, без разлика дали се натпреваруваат или учествуваат рекреативно, да стигнат до врвот и да бидат дел од масовното искачување и енергијата што секоја година ја создаваат илјадници учесници.

На сите што ја завршија трката им беа доделени финишер медали, додека најдобрите во повеќе категории, во машка и женска конкуренција, беа наградени. Обезбеден е и награден фонд од 1.000 евра за поставување нови рекорди.

По завршување на трките, на врвот на Водно беше организира забавна програма со храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, по што следуваше церемонија за прогласување на победниците.

 

ИЗДВОЕНИ