Администрацијата на Трамп во понеделникот покрена нова апликација која ќе им овозможи на илегалните имигранти во САД да се „самодепортираат“ наместо да бидат уапсени и притворени. Апликацијата на Царинската и Пограничната служба наречена CBP Home ќе понуди опција за илегалените имигранти да ја пријават својата „намера да заминат“, објави агенцијата.
„Апликацијата CBP Home им дава можност на илегалните имигранти да заминат сега и да се самодепортираат за да можат сè уште да имаат можност легално да се вратат и да го живеат американскиот сон во иднина“, рече секретарот за домашна безбедност Кристи Ноем. „Ако не сторат, ќе ги најдеме, ќе ги депортираме и никогаш нема да се вратат. Трамп вети дека ќе депортира рекорден број илегални имигранти.
CBP Home ја заменува апликацијата CBP One покрената од поранешниот претседател Џо Бајден, која им овозможи на речиси милион мигранти во Мексико да закажат термин за да побараат влез на легален граничен премин. Републиканците ја критикуваа програмата на Бајден, тврдејќи дека таа ја олеснила масовната имиграција во САД и не ги проверувала соодветно мигрантите.