
За секој играч, веројатно е најголемото достигнување да се одведе клуб од родниот град до елитните рангови и да се стане светска ѕвезда благодарение на тој успех.
Кога ја однесе Астон Вила во Премиер лигата, Џек Грилиш играше речиси половина сезона во истите копачки што се распаѓаа во клучните натпревари.
Славниот Англичанец беше толку суеверен што не сакаше да ги менува по никоја цена и на крајот, ја постигна својата цел.
Грилиш ужива голема популарност меѓу фудбалските романтичари, пред сè поради начинот на кој живее, односно уживањето во бројните пороци.
Познат е како голем мераклија, а откако ја освои тројната круна со Манчестер Сити во 2023 година, не беше трезен неколку дена.
Дури и во младоста, алкохолот му беше слаба точка. Кога беше голобрадо момче Џек беше пронајден мртов пијан на улица и многу луѓе биле загрижени за него.
Тоа се случи во 2015 година кога неговата тогашна репрезентација на Ирска до 21 година играше натпревар, а тој наместо тоа уживаше во Тенерифе.
Поради тој скандал реши да го промени спортското државјанство и одлучи да игра за младинската репрезентација на Англија, каде што по одличните настапи во Вила, стана и член на А-националниот тим.
Пред четири години, тој стана најскапиот англиски играч во историјата кога Манчестер Сити за него плати 120 милиони евра, но наместо успех, следеше пад.
Најновите информации од Англија велат дека Пеп Гвардиола одлучил дефинитивно да го отпише 29-годишникот и воопшто нема да го води на Светското клупско првенство.
„Тој мора да игра континуирано, на секои три дена. Тоа не се случи ниту минатата сезона. Ако може да го направи тоа со нас, одлично. Инаку, ќе мора да бара други опции“, изјави Гвардиола за Грилиш пред неколку дена.
Угледниот „Скај Спорт“ ја објави веста дека Грелиши нема да биде меѓу 35-те „граѓани“ што патуваат за САД, што значи дека неговиот престој на „Итихад“ е завршен.
На крајот од сезоната, Грелиш постигна само три гола на 32 настапи и помина „само“ 1.521 минути на теренот, па затоа ќе мора да си побара нова средина.