Ига Швјонтек демолирана во Мадрид: „Женскиот Надал“, доживеа историски дебакл на земја

Шокантен пораз на ВТА турнирот во Мадрид во полуфиналето!

35

Коко Гоф ја победи Ига Швјонтек со 6:1, 6:1, што за многумина изгледа нереално, со оглед на фактот дека се навикнати Полјачката на овој начин да ги демолира своите ривалки. Ига долго време беше тенисер број еден во светот, четири пати го освои Ролан Гарос, последните три сезони по ред, но сега најдобрата во светот изгледа како просечен тенисер.

Нереално е тоа што и се случи на тенисерката која многумина ја споредуваа со Рафаел Надал на земјена подлога кога е во прашање доминацијата на оваа подлога.

Меѓутоа, Швјонтек сега дефинитивно не личи на себе, а знаците за тоа се забележани на нејзиниот претходен турнир, каде беше поразена од Јелена Остапенко, но и во четвртфиналето на Мадрид, каде што загуби сет со 6:0 од Медисон Кис, која на крајот ја победи.

Коко Гоф покажа дека е во одлична форма, откако претходно ја избриша од теренот Мира Андреева со 7:5, 6:1.

Ваквата доминантна победа над Швјонтек само ќе и даде дополнителна самодоверба пред финалето, каде ја чека подобрата од дуелот Арина Сабаленка – Елина Свитолина.

Ова е втор најлош пораз за Ига Швјонтек во историјата, бидејќи на Ролан Гарос во 2019 година беше поразена со 6:1, 6:0 од Симона Халеп.

ИЗДВОЕНИ