петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ ИДФ тврди дека е во воздушен напад во Газа е убиен воениот...

ИДФ тврди дека е во воздушен напад во Газа е убиен воениот лидер на „Хамас“ 

60

Џамиите во северниот дел на Појасот Газа денес ја објавија смртта на командантот на военото крило на „Хамас“, Иза ал-Дин ал-Хадад, еден ден откако израелската војска соопшти дека бил цел на воздушни напади.

Според сведоци, „мачеништвото“ на ал-Хадад е објавено во неколку џамии во Газа, објавува „Ројтерс“. Хамас официјално не ја потврди ниту негираше информацијата за судбината на својот воен командант.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека лидерот на „Хамас“ во Појасот Газа и шеф на военото крило на организацијата, Иза ал-Дин ал-Хадад, е убиен во воздушен напад во градот Газа. Според ИДФ, тој бил цел на „прецизен удар“ и бил етикетиран како еден од „архитектите на масакрот од 7 октомври“, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопшти дека ал-Хадад ја презел функцијата воен командант и лидер на „Хамас“ во Газа по убиството на Мохамед Синвар во мај минатата година. Според истите обвинувања, тој бил вклучен во обидите за обнова на воените капацитети на „Хамас“ и планирање нови напади врз израелски цивили и војници.

Во соопштението на израелската војска се наведува и дека тој учествувал во управувањето со системот за земање заложници за време на конфликтот и дека бил еден од долгогодишните команданти на „Хамас“, со претходни позиции во военото крило на организацијата и блиски врски со нејзиното раководство.

ИЗДВОЕНИ