Екстремно високите температури убија околу 480 луѓе во Холандија минатата недела, соопштија денес холандските власти.
Жртвите на топлотниот бран од 22 до 28 јуни беа претежно луѓе над 80 години.
Рекордните температури во Холандија достигнаа речиси 40 степени Целзиусови, објави „Ројтерс“.
Во Франција, околу 1.000 луѓе починаа поради високите температури, но се проценува дека бројот може да биде поголем.












