понеделник, август 3, 2026
Дома БАЛКАН И бавното возење е казниво во Грција!

И бавното возење е казниво во Грција!

0

Македонските туристи кои летово патуваат кон грчките крајбрежни места треба да внимаваат на специфичните сообраќајни правила во соседна Грција, каде што санкции се предвидени не само за пребрзо, туку и за премногу бавно возење.

Според грчкиот Закон за сообраќај, строго е забрането создавање пречки на патот, а за возачите кои се движат со брзина под минимално пропишаната е предвидена глоба од 30 евра.

На автопатите и експресните патишта е дефинирана јасна долна граница – возилата не смеат да се движат со брзина пониска од 70 километри на час.

Доколку возилото поради технички дефект или свои карактеристики не може да постигне 70 км/ч, возачот има обврска да користи алтернативен локален пат за да не го попречува сообраќајот.

Знакот за минимална брзина во Грција е со кружна форма, со сина подлога и бел број кој ја означува најниската дозволена брзина.

Според член 23 од Законот за сообраќај, бавното возење нема да се санкционира во три оправдани ситуации:

Лоша состојба на коловозот;
Неповолни временски услови (силен дожд, густа магла или снег);
Голема сообраќајна гужва каде забавувањето е неопходно од безбедносни причини.
Со оглед на зголемената фреквенција на возила за време на летната сезона, на возачите им се препорачува почитување на сите локални правила за да се избегнат несакани трошоци за казни.

ИЗДВОЕНИ