Цените на храната во светот би можеле значително да се зголемат оваа година. Според „Еуроњуз“, најголемо зголемување се очекува кај пченицата, што би можело да доведе и до повисоки цени на лебот и тестенините. Британската фирма за економски анализи „Оксфорд економикс“ проценува дека глобалните цени на храната ќе се зголемат за 11,8 проценти во 2026 година и за уште 4,8 проценти во 2027 година.
Се очекува најмногу да се зголемат цените на житарките, овошјето, зеленчукот и млечните производи. Екстремната топлина и суша ги уништуваат посевите низ цела Европа. Земјоделците се соочуваат и со високи цени на енергијата и ѓубривата, кои се погодени од војните на Блискиот Исток и Украина.
По топлотниот бран во Европа, здружението на трговци со жито и маслодајни растенија „Коцерал“ со седиште во Брисел во јули ја намали својата прогноза за жетвата на житни култури во Европската Унија и Обединетото Кралство од 295,5 милиони тони на 286,6 милиони тони. Минатогодишната жетва изнесуваше 310 милиони тони.












