Холанската полиција уапси три лица поради сомнеж дека се поврзани со експлозијата, во која на 7 декември утрината во станбена зграда во Хаг настрадаа шест лица.
Се наведува дека се истражуваат „сите можности“ кои можеле да доведат до експлозијата.
„Не се исклучуваат нови апсења“, порача полицијата, јавува Ројтерс.
Запленети се повеќе возила, но полицијата тврди дека не е сигурно дали станува збор за автомобил виден како со голема брзина се оддалечува по експлозијата.
ИЗДВОЕНИ

Оригиналните печатарски букви на ВЕЧЕР, сега во дигитален фонт! – Креативна роденденска честитка на Арно.мк

Ќе се гради и со нерешени имотни односи, а проекти ќе заверуваат и инженери со само една година искуство

Граѓаните се борат со поскапувањето, а партиите со спротивставено толкување на инфлацијата

Камери и на граничниот премин Блаце, полицијата ќе снима и во движење








