Многумина сигурно не слушнале за Никола Гњатовиќ, но тој е можеби најголемиот тениски талент од балканските простори во последните неколку децении. На пример, таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ, за има кажано дека никогаш не видел поголем талент во белиот спорт, а станува збор за српски тенисер.
Сепак, неговата последна изјава оддекна во голем број медиуми, откривајќи една голема црна дамка во неговата кариера, која набргу пропаднала.
- До осумнаесетгодишна возраст бев национален шампион во сите возрасни групи. Зад мене имаше имиња како Иво Карловиќ и Иван Љубичиќ. Во јуниорската конкуренција ги победив Марат Сафин и Фернандо Гонзалез, а на еден тренинг го победив и Роже Федерер, ја започна Гњатовиќ својата исповед.
Сепак, дрогата ја уништила неговата ветувачка кариера. Кога Белград беше бомбардиран во 1999 година, Никола добил понуда да работи како тренер во Брчко, каде бил придружуван од колега кој бил зависник од дрога.
- Станав спаринг партнер на Јелена Јанковиќ и потпишав договор со компанијата „Хед“, која имаше договор и со Горан Иванишевиќ. Добив понуда од клубот Прохема од Брчко да бидам тренер и отидов во Босна. Таму работев со колега и пријател кој беше зависен од опијати, но тогаш не го знаев тоа – рече Гњатовиќ и додаде:
- За жал, додека се дружев со него, не можев да го поднесам тоа и првпат зедов хероин кога имав 21 година. Тогаш започна мојот пекол. Се задолжив, во тешки кризи со дрога, почнав да крадам за да се снаоѓам со дрога. Се обидов да продолжам да играм тенис, но не успеав. Во тоа време, и моето семејство се распадна, мојот живот беше во целосен хаос. Бев во болница повеќе од десет пати. 17 години поминав низ ужасите што ги носат дрогата со себе. Сепак, бев упорен и не сакав да дозволам оваа неволја да ме победи. Со болничко лекување и терапија, успеав да се борам со тоа и сега сум целосно чист веќе три години.
- Не го заборавив тенисот, но ме боли што некои пријатели и колеги како да ме заборавиле. Поранешните играчи и колеги им кажуваат на родителите на децата што ги тренирам дека сум поранешен наркоман и дека не треба да ги учам тенис. И никогаш, дури ни кога бев во најтешки кризи, не сум дилал дрога или не сум му давал дрога на некое дете, би си ја отсекол раката. Можам да препознаам талентирано дете и, за разлика од 90 проценти од тренерите, ако видам дека мало момче или девојче не е талентирано за тенис, веднаш им кажувам на родителите. Не ги лажам дека нивното дете има дополнителен потенцијал само за да земат што е можно повеќе пари од нив за тренинг, истакна Гњатовиќ.











