Фајнал форот на кошаркарската Евролига би можел да се претвори во вистински хаос откако се појавија информации дека во Атина се стравува од сериозни инциденти доколку Олимпијакос стигне до финалето.

Според наводите на „Спорт клуб“, дел од навивачите на Панатинаикос подготвуваат сценарио за немири во текот на финалниот натпревар во арената ОАКА.

Во утрешното полуфинале, тимот на Георгос Барцокас ќе игра против Фенербахче (17:00 часот), а во второто полуфинале (20:00 часот) ќе се соочат Реал Мадрид и Валенсија.

Според информациите, дел од билетите наводно не биле пуштени во официјална препродажба, туку биле зачувани за потенцијалното финале на Олимпијакос.

Се тврди дека одредени навивачи планирале да влезат во салата со лажни идентитети и маскирани како симпатизери на Фенербахче, Реал или на Валенсија.

Во приказната повторно се споменува и името на Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, кој и претходно предизвикуваше бурни реакции со своите изјави околу организацијата на фајнал форот.

Според „Спорт клуб“, еден навивач дури тврдел дека „видел планови“ за тоа како би се внеле забранети предмети во арената и дека наводно дел од обезбедувањето би помогнало во целата операција.

Засега нема официјална потврда за овие наводи, но јасно е дека атмосферата пред завршницата на Евролигата е многу вжештена.

ИЗДВОЕНИ