Европската комисија била цел на сајбер-напад при што можеби е компромитирано големо количество лични податоци, пренесува Ројтерс. Комисијата смета дека поголемиот дел од нападот е ставен под контрола, сепак, обемот на потенцијалната штета – како и тоа дали, или во која мера, податоците навистина се компромитирани – останува непознат.
За време на инцидентот, кој траеше околу десет дена, неколку системи беа надвор од функција. Меѓу нив беа системите за исплата на плати и следење на работното време, како и системот за надомест на медицински трошоци.
„Европската комисија ги презеде потребните чекори по откривањето на сајбер кампањата“, изјави портпаролот на Комисијата, Томас Рење, за Политико. „Одредени системи беа нападнати и, во согласност со вообичаената пракса, ги информиравме сите засегнати страни.“
Нападот предизвика итен состанок на главното внатрешно кризно тело на Комисијата. Комесарот за технологија на ЕУ, Хена Виркунен, во среда го информираше Колеџот на комесари за случајот. Сè уште се чека официјална изјава од Европската комисија.












