Како прв чекор во борбата против зголемувањето на цените, Грција донесе одлука за „замрзнување“ на цените на сите основни производи за широка потрошувачка за следните два месеци, односно за јули и август.
Сите учесници на пазарот се согласиле со оваа одлука на Владата. Оваа нова иницијатива доаѓа како продолжение на имплементацијата на апликацијата posokanei.gov.gr, за која Владата претходно призна дека сама по себе не го решава проблемот со цените, туку е важна алатка во борбата против зголемувањето на цените.












