понеделник, јуни 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата повторно растат

Цените на нафтата повторно растат

0
epa04771988 A view of gas pipes at the Dashava gas storage near western Ukrainian town Stryi, 28 May 2015. Cash-strapped Ukraine is heavily dependent on energy from Russia and is also a key transit country for supplies to Western Europe. The European Union has been mediating in gas disputes between the two sides, whose relations are strained by the conflict in eastern Ukraine. EPA/ROMAN PILIPEY

Цените на нафтата повторно пораснаа по новата размена на напади меѓу САД и Иран, иако двете земји се согласија да ги запрат понатамошните воени дејства пред продолжувањето на мировните преговори.

На лондонскиот пазар, цената на барелот брент се зголеми за 0,75 проценти и достигна 72,55 долари. Американската лесна нафта поскапи за 1,24 проценти, на 70,10 долари за барел.

Новата ескалација започна откако Иран нападна контејнерски брод, по што следуваа американски воздушни напади. Техеран потоа нападна и брод кој превезувал катарска нафта, а Вашингтон возврати со нови удари.

Пазарите стравуваат дека продолжувањето на судирите може повторно да го наруши транспортот низ Хормускиот Проток, една од најважните маршрути за снабдување на светот со нафта и гас. Иако сообраќајот постепено се обновува, сопствениците на бродови остануваат претпазливи, а голем број пловила сè уште се заглавени во Персискиот Залив.

Претставници на САД и Иран треба да ги продолжат разговорите во Доха, каде што меѓу главните теми ќе бидат безбедноста и режимот на пловидба низ Хормускиот Проток. До постигнување поцврст договор, секоја нова воена ескалација може да предизвика дополнителни ценовни потреси на енергетските пазари.

ИЗДВОЕНИ