понеделник, октомври 12, 2026
Дома БАЛКАН Граѓаните потврдија на референдум: Македонците и другите без словенечко или државјанство од...

Граѓаните потврдија на референдум: Македонците и другите без словенечко или државјанство од ЕУ ќе немаат право на глас на локалните избори

2
EPA/ANTONIO BAT

Право на глас на локалните избори да имаат само словенечките државјани и државјаните на ЕУ, решија граѓаните на Словенија со мнозинство гласови на еден од трите советодавни референдуми што се одржаа во неделата. Тоа значи дека на локалните избори на 15 ноември нема да можат да гласаат ниту македонските граѓани кои имаат регулиран престој во Словенија, ако немаат словенечко или државјанство на некоја членка на ЕУ.

Но, граѓаните само ја потврдија ваквата измена на словенечкиот Закон за локални избори која е во сила од 2 септември, зашто референдумското прашање беше советодавно. Правото лицата без државјанство, но со постојан престој, да можат да гласаат, Словенија го воведе во 2002 година. Од неговото укинување се проценува дека се погодени повеќе од 100.000 луѓе, кои со години живеат и плаќаат даноци во таа земја.

На другите два советодавни референдуми граѓаните се согласија социјалната помош да се условува со општокорисна работа, како и да се укине претплатата за државната телевизија. Во неделата се одржа и еден законодавен референдум, на кој граѓаните го отфрлија законот за парламентарни истраги, за кој опозицијата од левиот центар тврди дека претставува обид на владејачката десничарска коалиција да воспостави „политичка полиција“.

ИЗДВОЕНИ