понеделник, октомври 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Масовна „празнична“ тепачка во село Баница – четири лица со потешки повреди...

Масовна „празнична“ тепачка во село Баница – четири лица со потешки повреди пренесени во Медицински центар Струмица

0

Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во физичка пресметка меѓу жители на струмичкото село Баница, што се случила во неделата вечерта, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото.

Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди.

Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени од страна на полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ