четврток, јули 2, 2026
Дома МАГАЗИН Градската управа на Њујорк ги откри деталите: Тејлор Свифт и Тревис Келси...

Градската управа на Њујорк ги откри деталите: Тејлор Свифт и Тревис Келси ќе се венчаат во петок – настан што може да го засени и „Мет Гала“

32

Венчавката на пејачката Тејлор Свифт и ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси започнува утре, петок, попладне, во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк и би можела да трае до 4:00 часот следниот ден наутро.

Ова произлегува од градската дозвола, чија копија ја доби агенцијата „АП“.

Од август 2025 година, кога суперѕвездата Тејлор Свифт и спортистот Тревис Келс се свршија, прашањата за тоа кога, каде и како ќе се венчаат не престануваат да ја окупираат јавноста.

Иако свршената двојка сè уште официјално не го потврдила датумот, бројни индиции – од издадените градски дозволи до пристигнувањето на камиони со опрема во Менхетен – укажуваат на спектакуларна тридневна прослава што би можела да го засени дури и најпрестижниот моден настан во светот – познатиот моден спектакл „Мет Гала“, толкуваат експертите.

Медиумите велат дека обложувалниците „се запалиле“ – луѓето инвестирале повеќе од два милиони долари обложувајќи се каде ќе се одржи свадбата.

Апликацијата за „специјален настан во Медисон Сквер Гарден“ беше одобрена од администрацијата на градот Њујорк вчера, изјави портпаролот на градоначалникот Зоран Мамдани, а неколку лица потврдија за АП дека станува збор за свадба на Свифт и Келси.

Дозволата покажува дека 100 гости ќе пристигнат во Медисон Сквер Гарден денес за свадбена проба – „претходна прослава“ во 18:30 часот по локално време, а службениците ја опишаа како само интимна вечера.

Потоа целосно затворање на улиците во близина на арената во Менхетен ќе стапи на сила преку ноќ додека работниците ќе подигнат повеќе влезови и шатори за луѓето да можат да поминуваат низ нив, се наведува во дозволата.

„Главниот настан“ започнува во 17 часот во петок и е дозволено да трае до 4 часот наутро следниот ден, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ