Голем шумски пожар во близина на францускиот град Перпињан денес доведе до евакуација на камповите во Кан-ан-Русијон и Сент-Мари ла Мер, а повеќе од 200 пожарникари се на терен, додека вкупно 3.000 луѓе се евакуирани во таа област, објавува „Фигаро“.
Голем столб од чад бил видлив на километри наоколу, објави весникот. Властите на префектурата Источни Пиринеи соопштија дека околу 500 жители на двата кампа биле евакуирани на плажата, каде што е воспоставена фериботска линија за да ги транспортира до сместувачкиот центар.
„Сите компании во поморскиот сектор се евакуирани“, соопшти градскиот совет на Канес-ан-Русијон на „Фејсбук“, додавајќи дека камповите „Ле Бразилија“ и „Марина“ биле тешко оштетени во пожарот.
Вработените во пристаништето Канес, како и 250 вработени во компанија за производство на катамарани, исто така беа евакуирани, а една јахта се запали во пристаништето, објави „Ле Фигаро“.
Според префектурата, повеќе од 3.000 туристи се згрижени во градовите Канес-ан-Русијон, Сент-Мари-ла-Мер и Тореј.
Како што изјавија властите на префектурата, нема повредени. Повеќе од 200 пожарникари со 35 возила, авион од типот Деш и хеликоптер учествуваат во гаснењето на пожарот, јавува „Танјуг“.












