Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија „без сомнение“ ќе добие одговор на синоќешниот масовен напад врз Киев.
„Ние сме за праведен мир, праведен крај на војната и сè додека не се постигне таков – за праведни одговори“, рече Зеленски кога беше прашан дали сега ќе има одговор насочен кон Москва.
Тој додаде дека ако партнерите ги исполниле своите ветувања на време, Украина денес немаше да има толку многу жртви.
Ова веројатно се однесува на испораките на системи за воздушна одбрана, чиј недостаток останува проблем за Украина.
Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев се искачи на 21, а се верува дека уште најмалку девет лица се заробени под урнатините на една од погодените станбени згради, соопшти денес Државната служба за вонредни состојби на Украина.
Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека ова е најмоќниот напад од почетокот на војната и го прогласи 3 јули за ден на жалост.












