понеделник, август 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА 14 годишно момче избодено со нож во населбата Ченто, семејството бара пронаоѓање...

14 годишно момче избодено со нож во населбата Ченто, семејството бара пронаоѓање на напаѓачите

689

14-годишно момче било претепано и избодено со нож на 22 јуни во скопската населба Ченто. Според тврдењата на неговото семејство, за неколку портали,  тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол и не повикал Итна помош и полиција.

Повредениот малолетник бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде што бил опериран. Семејството бара брзо расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите. Тврдат дека место обид за убиство случајот се водел како насилство.

Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Од слобода се лишени Ј. Ј., В. А. и В. С. од Скопје затоа што физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет“, велат од мвр.

Според полицијата, со осомничените се извршени службени разговори, а по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од Обвинителството информираат дека сеуште немаат  добиено кривична пријава од МВР за настанот.

ИЗДВОЕНИ