четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Утврдени траги од судијата Ристов на фолиите во кои беа завиткани 350...

Утврдени траги од судијата Ристов на фолиите во кои беа завиткани 350 илјади евра

0

Во продолжение на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов обвинет за перење пари беа сослушани форензичари од МВР кои потврдија дека на алуминиумските фолии во кои биле свиткани 350.000 евра, имало траги од обвинетиот. Парите биле од 500 и 200 евра , во 13 алуминиумски пачки, заѕидани позади кујната. Полицијата на два пати правела претрес по добиени сознанија , а камуфлажата ја разоткрила една плочка која била лошо залепена. Обвинителката е задоволна од досегашните докази против Ристов

„Особено суштинско е она кое пободува интерес – ДНК анализата на биолошките траги. И во суштина Обвинителството е задоволно од она што беше презентирано на денешната расправа, кое неспорно потврдува и го дообјаснува она како е дојдено и што значи самата ДНК анализа“,изјави Искра Хаџи Василева.

Одбраната смета дека доказите се изманипулирани, 80 дена поминало до вештачење

“Парите се извадени од истите кеси, предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Потоа е наредено вештачење по завршување на истрага и земени биолошки траги и дадено на вештачење кое е направено на 08.04. (8 април). Вас не ви е сомнително во тие 80 дена да се отвора доказниот материјал, никој не знае што е и како е запечатен после тоа. И вештачени се парчиња од алуминиуска фолија, ама не и парите: А овде зборуваме за 350 000 евра најдени во ѕид“,изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ

Според ОЈО, Ристов го користел катот од семејната куќа во Неготино , наспроти неговата одбрана дека парите се од продадени семејни лозја.
Случајот се откри од претходен, за мито со кое беше фатен на дело адвокатот Стафа, пари земени од обвинетиот Љупчо Пецов , а наменети за издејствување на поблага мерка токму од судијата. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ