петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Градоначалникот на Охрид се сретна со шпанскиот амбасадор Ортиз

Градоначалникот на Охрид се сретна со шпанскиот амбасадор Ортиз

169

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

„На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрид со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем број на шпански гости на охридската ривиера“, изјави Пецаков.

„Со Амбасадорот разговаравме и за тоа што шпанската Влада има предвидено Грант од милион евра кој што се овозможува реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Стана збор и за физибилити студијата за прочистителни станици наменети за нашето езеро, а изработена од етаблирана шпанска компанија“, вели градоначалникот.

ИЗДВОЕНИ