понеделник, ноември 9, 2026
Дома СВЕТ Напад со беспилотни летала предизвика пожар во рафинерија за нафта во Ленинградската...

Напад со беспилотни летала предизвика пожар во рафинерија за нафта во Ленинградската област

0
Фото:википедија

Украински беспилотни летала извршија напад врз Ленинградската област, при што избувна пожар во рафинерија за нафта во Кириши, соопштија денеска локалните власти.

Гувернерот на регионот, Александар Дрозденко, изјави дека во Всеволожск загинала една жена откако остатоци од беспилотно летало паднале врз покривот на една зграда, пренесе информативниот портал „Медуза“.

Според него, во текот на ноќта над регионот биле соборени 113 беспилотни летала, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ