Кошаркарот на ТФТ, Дарин Говенс, реши да го промени клубот, но да остане во Македонија во новата натпреварувачка сезона. Тој во иднина ќе ги брани боите на Работнички и ќе биде едно од најголемите засилувања за клубот во сезоната 2026/27.

Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија.

Во минатата сезона, на 26 одиграни средби просечно бележеше 11,3 поени, 3,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар.

ИЗДВОЕНИ