Гостиварскиот бенд „Ареа“ со концерт во Скопје: Музика без маски и енергија без филтри

265

На 10 мај, ако патот ве однесе во „Јавна соба“ во Скопје, секако не го пропуштајте концертниот настап на македонската рок група, атрактивната „Ареа“. Тие оваа година одбележуваат повеќе децении од своето формирање, со  што за публиката подготвуваат разновидни изненадувања. Едно од тие е и овој концерт. Автентичниот звук по кој се препознава гостиварската „Ареа“ и уште поавтентичните интерпретации на пејачката Ружица, создаваат магија што не се опишува со зборови. Тоа се доживува само таму, на нивните настапи.

-Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Тој се навраќа на скромните почетоци на „Ареа“, на снимањето на првиот албум во студиото на МРТ,  „местото каде што пред нас снимале легенди како што се ‘Леб и сол’ и ‘Бијело дугме’ и потенцира дека клучот на успехот е во доследноста и искреноста, така што сега, по седум издадени албуми и стотици настапи, „Ареа“ останува верна на својот стил и на директната комуникација со публиката. Брчиоски посочува дека денешната сцена е поинаква, доминираат бројките и алгоритмите, но суштината на музиката е да биде доживување, а не производ. Концертот на „Ареа“ во „Јавна соба“ ќе понуди токму тоа: енергија без филтри, музика без маски и емоција без компромис.

„Музиката ја создаваме со истата љубов и денес како и пред 30 години“, истакна Ивица.

 

ИЗДВОЕНИ