Рокерот Ѓорѓе Давид или како што му е вистинското име Ѓорѓе Николиќ, поголема балканска популарност ја доживеа како член во жирито на шоуто “Ѕвездите на Гранд“. Пред тоа не беше нешто специјално познат, но наеднаш со шоуто е баран за настапите и прилично слушан и омилен кај понежниот пол. Тоа е вистина. И ако знае во комуникациите со новинарите да биде незгоден соговорник, Давид сепак останува пристоен. Тој исто така смирено и отворено зборува за несреќата која му се случи кај нас во Македонија. Тогаш една жена го загуби животот, нагласувајќи дека после сите рочишта е праведно ослободен од секакви обвиненија.
– Постојат многу лоши луѓе, како и насекаде, кои имаат простор преку социјалните мрежи користејќи ја така туѓата несреќа на најлош можен начин. Кога некој ќе го прозива некого за болест, за инвалидитет, за нешто како она што го доживеав јас, логично е дека му посакувам се најлошо на таквиот. Јас не убив никого! Тоа беше комбинација од ужасно лошите околности. Да повторам уште еднаш: жената излезе на спротивната лента од автопатот и направи тотална сообраќајна несреќа во маглата која беше толку густа што не можеше да се види ни прст пред око. Судењето конечно заврши, а јас ослободен од сите обвиненија. Во овој момент чекам да ми се исплати отштета. Целосна штета за автомобилот што го удрив во таа несреќна случка. Јас се видов со човекот, чија што сопруга загина, бидејќи јас не сум п…..да бегам. На тој човек му кажав што всушност се случило. Има право да ја знае вистината за својата загината сопруга. Тоа затоа што ожалостениот човек не треба воопшто да слуша лажни приказни од секакви лажни пријатели, објасни Ѓорѓе со малку восхитен глас.
Освен што раскажа за оваа несреќа во Македонија, рокерот се отвори пред новинарите и за својот приватен живот, кој е многу бурен. Ѓорѓе има ќерка со својата партнерка Ана , но тие не живеат заедно. Секој засебно живее под својот покрив над главата. Живеат на различни белградски адреси. Давид со Ана никогаш не беше во официјален брак.
– Ана ми е девојка и ако имаме ќерка. Не ми е сопруга. Немаме потпишано никаков документ со кој би го озваничиле бракот. Во таа папирологија јас не верувам. Зошто? Затоа што е тоа спас и за мене и за детето. Се познавам себе си дека не сум нормален во некои работи и има некои од тие работи кои ми се приоритетни. На пример, не можам да спијам без вклучен телевизор, а тоа ѝ пречи на девојка ми Ана. Таа не преспива кај мене, си оди дома. Јас до шест саат сабајле гледам НБА лига. Исто така сум и навивач на К.К. “Црвена Звезда“, а тоа се едноставно непомирливи работи на кои им давам предност. Рака на срце, Ана е најдобрата мајка на светот за моето дете и затоа сум навистина многу благодарен. А, тоа дали ќе го потпишам брачниот документ, зависи од една Луција. Најпрво ќе морам да ја исправам таа грешка кон Луција, па потоа ќе видам што да правам со Ана, раскажа непредвидливиот Давид.
Тој признава дека многу луѓе имаат погрешна слика за него. – Дали е поради мојот изглед со овие тетоважи, дали со откачениот имиџ, дали со ишашана коса на нуларица, дали поради хировито однесување, незнам навистина? Одеа дури до таму па, за мене зборуваа и тоа дека сум хомосексуалец, дека сум наркоман, дека сум и макро. Боже, што се измислуваа. Јас сум само нормален, сакам искрено да другурувам. На пример, во Македонија најмногу другарувам со луѓето. Со Македонците е неопосиво добро да бидеш другар, да одиш по кафеаните, да пееше и пиеш, да ти биде најубаво. Не можам а, да не ја спомнам убавата Македонка Вера Мештеровиќ, поранешната Мис на Македонија, сега тв-водителка. Мојата одлична пријателка. Јас ја сакам Вера како да ми е родена сестра!












