вторник, август 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Голем пожар во близина на Пробиштип, изгоре една куќа

Голем пожар во близина на Пробиштип, изгоре една куќа

60

Изби голем пожар попладнево во Штип, на самата граница со првите куќи, ширејќи се кон Исарот.

Од Дирекцијата за заштита и спасување  (ДЗС) информираа дека еден од „ер тракторите“ е упатен кон Штип за да помогне при гаснењето на пожарот.

Овој пожар првично беше забележан над регионалниот пат Штип – Пробиштип.

– Пожарот во Пробиштипско е започнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, во Бучиште пожарот е локализиран (една изгорена куќа), но еден дел од пожарот се префрла накај селото Ратавица – соопштија од ДЗС.

 

ИЗДВОЕНИ