среда, јули 29, 2026
Дома СВЕТ Голем хакерски напад во Англија: Украдени стотици илјади податоци од едно министерство

Голем хакерски напад во Англија: Украдени стотици илјади податоци од едно министерство

0
Фото:википедија

Хакери украле околу 607.000 податоци во кибернапад врз Министерството за образование (DfE) во Англија. Украдените податоци вклучувале телефонски броеви и е-адреси на поединци и организации, но не и банкарски податоци или други чувствителни информации, објавува „Би-би-си“.

Нападот го погодил програмскиот портал „Туринг“ (Turing), кој финансира меѓународно образование, како и онлајн услугата за корисници на Министерството. Ризикот за поединци не се смета за висок, а нападот наводно бил брзо запрен.

Министерството го потврди инцидентот и соработува со Националниот центар за кибер безбедност и Националната агенција за криминал (NCA). Канцеларијата на комесарот за информации исто така е известена за инцидентот. Министерството појасни дека бројката од 607.000 се однесува на вкупниот број на записи, а не на бројот на лица. Се очекува двата системи да бидат повторно во функција до крајот на неделата.

„Имаме воспоставено строги процедури за заштита на информациите и брзо дејствувавме за да го спречиме овој инцидент“, изјави портпаролот на Министерството. „Станува збор само за контакт информации за услуги на клиентите поврзани со поединци и организации. Немаше пристап до други податоци“, додаде тој.

Националната агенција за криминал соопшти дека е запознаена со инцидентот. „Работиме со нашите партнери за да ги утврдиме околностите и обемот на штетата“, изјави портпаролот.

ИЗДВОЕНИ