Најтрофејниот тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ, деновиве престојува во Италија, каде се подготвува за настап на престижниот Мастерс во Рим.
Пред почетокот на турнирот, Србинот одржа прес-конференција на која уште еднаш ја покажа својата харизма и знаење на јазици. Ѓоковиќ зборуваше на италијански јазик и ги воодушеви присутните новинари и фанови.
Познато е дека Новак зборува неколку јазици, а италијанскиот го користеше со голема леснотија. Тој не ја крие својата љубов кон оваа земја, која ја опиша како една од најважните во историјата на човештвото.
- Италија има сè – историја, култура, музика, храна, автомобили и мода, изјави Ѓоковиќ.
Според него, токму таа разновидност ја прави Италија посебна и уникатна. Тој додаде дека низ кариерата изградил силна врска со Италијанците.
Во неговиот тим и денес има членови од Италија, што дополнително ја зацврстува таа поврзаност.
- Бидејќи зборувам италијански, чувствувам дека сум поблизок до луѓето тука, истакна српскиот ас.
Ѓоковиќ не застана тука, туку продолжи со пофалбите.
- Има толку многу работи за восхитување… би можел со часови да зборувам за Италија, додаде тој.
Неговите зборови беа пречекани со аплауз и насмевки од присутните. Овој настап уште еднаш покажа зошто Ѓоковиќ е миленик на публиката ширум светот.
Освен резултатите на теренот, тој освојува и со својот однос и почит кон различни култури. Сега фокусот го насочува кон предизвиците што го очекуваат во Рим.
Турнирот во италијанската престолнина е еден од неговите омилени во календарот. Ѓоковиќ ќе се обиде да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција.
Со поддршката од публиката, Србинот повторно ќе биде меѓу главните фаворити за титулата.











