недела, јуни 14, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Ѓоковиќ на Формула 1: Ја заборавил пропусницата па „запнал“ на влезот

Ѓоковиќ на Формула 1: Ја заборавил пропусницата па „запнал“ на влезот

57
EPA/JOHN G. MABANGLO

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја искористи слободната недела за да присуствува на трката за Големата награда на Барселона и Каталонија, како гостин на Ауди.

„Дали е тоа Новак?“, беше прашањето на легендарниот Патрик Клајверт кога српскиот тенисер помина покрај него, а неколку минути подоцна се сретнаа.

Ѓоковиќ имаше мал проблем на влезот на патеката Каталуња бидејќи немаше пропусница со себе. Сепак, еден од членовите на неговата придружба на крајот му ја позајми пропусницата на Новак за да влезе, пред да се вратат во автомобилот за да ја земат неговата пропусница.

ИЗДВОЕНИ