недела, јуни 14, 2026
Дома МАГАЗИН Почина најстариот инфлуенсер во светот, неговите зборови и насмевка ја одбележаа ерата...

Почина најстариот инфлуенсер во светот, неговите зборови и насмевка ја одбележаа ерата на интернетот/ВИДЕО

34

Анесио Фиори, попознат како Дедо Анесио, кој го воодушеви Бразил правејќи видеа на ТикТок со својот внук Каио Фиори, почина вчера на 88-годишна возраст. Неговиот внук ја потврди неговата смрт во видео објавено на социјалните мрежи.

Според Каио Фиори, Анезио почувствувал слабост уште во петокот. Тој бил итно префрлен во здравствена установа во Ринкао, каде што медицински тим му дијагностицирал кардиореспираторен застој. Лекарите извршиле седација и интубација, по што Анезио бил префрлен во болница во Арараквара. Сепак, неговата смрт била потврдена следниот ден.

Неговиот внук Каио Фиори, со кого заедно ја водеше популарната Инстаграм страница напиша:

„Денес се простувам од мојот Дедо Анесио со скршено срце, но и со мир во душата“, напиша Фиори.

Во емотивната порака тој истакна дека неговиот дедо во последните години повторно ја пронашол радоста во животот, почнал да пее, да се шегува и да ги споделува своите приказни со милиони луѓе ширум светот.

„Ја исполни својата мисија. Допре до илјадници срца, учеше за простување, семејство, грижа, нови почетоци и вера“, напиша неговиот внук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Baleia Rossi (@baleia.rossi)

Дедо Анесио стана интернет-сензација благодарение на видеата со својот внук, во кои со многу хумор, искреност и животна мудрост ги освојуваше корисниците на социјалните мрежи.

Нивниот профил на Инстаграм броеше повеќе од шест милиони следбеници, а видеата редовно стануваа вирални низ целиот свет.

Обожавателите го паметат по неговиот шарм, духовитите разговори со внукот и препознатливата тврдоглавост која често беше повод за насмевки кај милиони луѓе.

ИЗДВОЕНИ