Фирма регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е казнета со 1.400 евра откако пред Велигден увезла околу 40 тони јајца од Србија, кои требало да бидат пласирани како „македонски јајца“, иако не потекнувале од домашното производство.

Во двете пратки биле откриени над 570.000 необележани јајца, кои требало дополнително да бидат означени и незаконски да се продаваат како домашни, што претставува обид за доведување во заблуда на потрошувачите и нарушување на пазарната конкуренција. Јајцата потоа биле уништени на депонијата „Дрисла“.

Од АХВ информираат дека не е поднесена кривична пријава против операторот, но дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли врз увозот и домашното производство на јајца.

 

ИЗДВОЕНИ